АудиоБар во АудиоКултура

Првиот АудиоБар во регионот е во склоп на АудиоКултура, а е со цел да овозможи најквалитетна и комфорна презентација на производите. Одлично кафе и пијалок се дел концептот на АудиоКултура….
Аудиокултура е урбан простор кој поставува повисоки стандарди во светот на музиката и бескомпромисно претендира да инспирира промени на подолг рок. Концепт чија цел е да внесе што поголем број на луѓе во светот на квалитетниот звук. Неколку суптилно распоредени места за седење, како и барот во склоп на просторот даваат уште поголема можност за непосредно негово доживување.
Специјално подготвени настани поврзани со музиката се дел од нашиот мотив за АудиоКултура. Презентации на албуми, музички настани, промоции и изложби ќе бидат основен белег на дизјанираниот АудиоБар.