Скопје има нова аудиокултура

Скопје има нова култура, се наоѓа во населба Аеродром и се вика АудиоКултура.

Посветени се повеќе од две децени на учење, истражување, слушање…создаден е врвен производ. Звучници и засилувачи во кои се отелотворени наука и уметност, а уникатноста е надополнета со рачна изработка и препознатлив дизајн.

Македонски производ со премиум перформанси кој успешно чекори во High End светот на аудио и за кој со гордост може да се потврди дека сериозно им пркоси на реномираните светски брендови.

Теохаров аудио овозможи одблиску да се запознаеме со неговите производи, но и со светските конкуренти, создаде дом за личната пасија во кој секој од нас ќе има можност да ужива во квалитетен звук.

Аудиокултура е  урбан простор кој поставува повисоки стандарди во светот на музиката и бескомпромисно претендира да инспирира промени на подолг рок. Концепт чија цел е да внесе што поголем број на луѓе во светот на квалитетниот звук. Неколку суптилно распоредени места за седење, како и барот во склоп на просторот даваат уште поголема можност за непосредно негово доживување.

Светски познатите брендови како Focal, Rega, Scanspeak, Naim, Nomon се дополнителна гаранција за понудениот квалитет во просторот.

Огромниот број на посетители на денот на отварањето е потврда дека е создаден простор согласно основното мото на основачот на аудиокултура “Простор каде музиката соединува, простор кој нуди можност за совршено аудио доживување, едукација или едноставно уживање”.


Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *