Made in France

Focal е француски бренд кој започнува со производство на акустична опрема во 1979 година. Спој на технологија, механика, благородни материјали и дизајн се темелите врз кои се гради брендот и успева да стане репер за акустична опрема, која постојано ги поместува границите на звукот за да понуди навистина уникатно искуство. Основниот бизнис на Focal е производство на звучнички драјвери и High-fidelity звучници, но и звучници за дома, слушалки, аудио опрема за автомобили и вградени системи со одличен квалитет.

Made in Macedonia

Теохаров е македонски бренд за High End аудио опрема, во чии производи се вградени повеќе од 20 години посветеност, работа, знаење и безкомпромисен инжинеринг. Основниот слоган - Наука, Уметност и Музика е преточен во секој производ со ознака Теохаров и претставува синоним за бренд кој ги достигна највисоките стандарди за производство.

Made in Great Britain

Еден од најреспектабилните брендови во аудио светот доаѓа од Велика Британија. Rega е основана далечната 1973 година. Грамофони, појачала, звучници и други додатоци се нивниот производствен асортинам за кој имаат добиено бројни награди од реномрани светски часописи.

Made in Great Britain

Naim е британски бренд во чија производствена линија се наоѓаат дигитални до аналогни конвертори, засилувачи, ЦД плеери и други додатоци. Секој производ на Naim е замислен и дизајниран во служба на откривање и доживување на звукот што е можно повеќе до неговиот оригинален извор. “Гласот на Naim” е потпис кој гласно говори дека нема компромис за чистотата на звукот.

Made in Spain

Ѕидни часовници произведени во Барселона кои се присутни во повеќе од 60 држави во светот. Креативност, дизајн и технологија се трите принципи според кои Nomon го дефинира часовникот не само како додаток туку како главен елемент при украсувањето на ѕидовите во домот и деловните простории. Дизајнирани од врвен индустриски дизајнер и рачна изработка на секое призведено парче се препознатливи белези поради кои Nomon успешно трае низ годините.

Made in Japan

Furutech е компанија основана во 1988 година. Нејзина основна дејност е дизајнирање и производство на извонреден спектар на A/V кабли изработени со исклучително висока чистота на еднокристален бакар без кислород.